

УСЛУГИ
Безбедност при работа

Калибрација на должина, агол и рапавост

Останато
ЗА НАС
Центарот за истражување, развој и континуирано образование е друштво со ограничена одговорност основано од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за потребите на Машински факултет – Скопје за вршење на:
-
апликативна дејност
-
високостручни и научни истражувања
-
техничка анализа и инспекција во рамките на законски регулираните дејности
-
обуки за доживотно учење
-
други дејности во сферата на апликативната дејност
ЦИРКО има агилна структура способна да ги фокусира своите ресурси за тековните активности во согласност со моменталните приоритети. Поддршката од Машинскиот факултет - Скопје го прави ЦИРКО постојано сигурен партнер на секој проект. Посветеноста на сите истражувачи кон меѓународната соработка го движи центарот кон обезбедување на најдобри резултати во своите меѓународни активности.
Искуството на партнерите на ЦИРКО стекнато низ претходните проекти сведочи дека Центарот отсекогаш бил признат како партнер кој навремено и одговорно ги реализира своите активности, со резултати кои секогаш се оценети со високи оценки за нивната валидност и висок научен квалитет.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
ЦЕЛИ
Трансфер на нови техники и технологии заради зголемување на конкурентноста на економијата во регионот и пошироко.
Континуирано образование на кадрите со цел подигање на нивото на знаење и севкупниот интелектуален потенцијал.
Реализација на проекти за трансфер на технологија во мали и средни претпријатија.
Реализација на соработка со правни субјекти од стопанството.
Реализација на курсеви и обуки.
ИСТОРИЈАТ
Центарот за истражувања, развој и континуирано образование е основан од Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје како самостојна организација од 2002 година. Центарот за истражувања, развој и континуирано образование, во ноември 2012 година, го менува својот правен статус и преминува во Центар за истражување, развој и континуирано образование ЦИРКО ДООЕЛ Скопје, каде нов правен сопственик и основач е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје.
Првите проекти на ЦИРКО беа реализирани во соработка со ГТЗ – Проект за трансфер на технологија и мали и средни претпријатија од Македонија во периодот од 2003 до 2005 година:
-
Технолошко решение за подобрување на процесот за производство на лесна картонска амбалажа.
-
Систем за мониторинг и управување со технолошки процеси во прехранбена и цементна индустрија.
-
Развој на сосема нова еко-технологија за производство на филтри за гориво, воздух и масло за камиони и тешки возила.
-
Вовед во техниките за компјутерско дизајнирање на челични конструкции за инженерите во малите и средни претпријатија.
-
Дијагностички мониторинг систем за ротациони постројки.
-
Подобрување на технологија и вовед на мерки за процена на квалитетот во процесот на пресување и термичка обработка на фрикциони облошки.
-
Развој на технологија за производство на полиетиленски цевки со примеси на рециклиран материјал.
Во 2009 година е добиен првиот Сертификат за акредитација на Инспекциско тело во рамките на ЦИРКО, а тоа е Инспекциското тело за лифтови, дигалки и транспортери (ИТ021).
Од 8 октомври 2010 година ЦИРКО дооел Скопје е регистриран како Центар за трансфер на технологии, односно регистриран е како Субјект на технолошки развој заведен во Регистарот на субјекти за технолошки развој при Министерството за образование и наука (одлука на МОН бр. 13-4165/1).
Во 2010 година во рамките на активностите на ЦИРКО се акредитира и Инспекциско тело за опрема под притисок, метални конструкции, жичари и ски-лифтови (ИТ027).

ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ
Сектор за општи, технички и административни работи
Во Секторот општи, технички и административни работи се вршат следниве работи:
-
Правни и општи кадровски работи
-
Развојно информатички активности
-
Заеднички работи за сите сектори, логистички работи
-
Административни работи со цел поддршка на останатите сектори и поддршка на услугата на клиентите на друштвото
-
Изготвување на анализи и други стручни материјали од доменот на обавување на работите на секторот
-
Одржување, хигиено-технички работи и сл.
Сектор за континуирано образование и доживотно учење
Секторот за континуирано образование и доживотно учење организира семинари, обуки, тренинг, работилници, курсеви за професионално и континуирано образование за потребите на правни и физички лица, како и за дејноста од останатите сектори во ЦИРКО.
Сектор за опрема под притисок, метални конструкции, жичари и ски-лифтови
Во Секторот се вршат следните работи:
-
Технички прегледи и периодични испитувања на опрема под притисок, метални конструкции, жичарници и ски-лифтови
-
Оцена на сообразност на опрема под притисок, метални конструкции, жичарници и ски-лифтови
-
NDT испитувања
-
Оценка и изготвување на NDT извештаи
-
Изготвување на технички извештаи
-
Други активности од областа на заварување и заварени конструкции
Сектор за лифтови, дигалки и транспортери
Во Секторот се вршат следните работи:
-
Технички преглед и периодични испитувања на лифтови, дигалки и транспортери
-
Оценка на сообразност на лифтови, дигалки и транспортери
-
Изготвување на технички извештаи
-
Други активности од областа на лифтови, дигалки и транспортери
Сектор за возила
Во Секторот се вршат следниве работи:
-
Раководење со оперативни работи во постапките на технички прегледи на возилата, инспекциски активности и испитување на возилата
-
Оперативни работи во постапките на технички преглед на возилата, инспекциски активности и испитување на возилата
-
Административни работи во постапките на испитување, инспектирање и прегледи на возилата
-
Подготовка на технички извештаи и други технички документи
-
Подготовка на работни и помошни материјали за оперативна работа
Сектор за компетенции
Во секторот се вршат следните работи:
-
Технички активности поврзани со Центарот за компетенции
-
Активности за примена на добрата пракса
-
Активности за квалитет на обезбедените услуги
-
Активности за условите за правилна работа на центарот – расположивост на потребнатехничка опрема, кадар и работни услови
-
Активности за соработка со единиците во состав на Машинскиот факултет и други ентитети
-
Приготвување и одобрување на потребните планови и работни упатства
Сектор за почисто производство
Во секторот се вршат следните работи:
-
Соработка со индустријата во Република Македонија и со други меѓународни институции во насока на изработка на студии за воведување на технологии на почисто производство
-
Оптимално користење на природни ресурси во компаниите, воведување на системи за енергетска ефикасност
-
Подобрување на конкурентноста на компаниите
Сектор за енергетика, екологија, горива
Во секторот се вршат следниве работи:
-
Соработка со индустријата во Република Македонија за изработка на студии, проекти, ревизии, надзори на полето на енергетиката, екологијата, енергетската ефикасност
-
Физибилити студии за мали хидроцентрали
-
Испитување на горива и ефикасно искористување на енергетските ресурси
Сектор за индустриски дизајн
Во Секторот се вршат следниве работи:
-
Индустриски дизајн на производи
-
Моделирање, симулација и анализа на прототипови на производи
-
Ергономски анализи и експериментална верификација на удобноста при седење
-
Моделирање на производи од пластика и калапни јадра
-
Креирање на презентации и анимации
-
Организација на семинари, обуки, тренинг, работилници, курсеви за професионално и континуирано образование од областа на дизајнот и моделирањето на производите,.
РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ
Центарот за истражување, развој и континуирано образование учествувал во подготовката и имплементацијата на голем број национални и меѓународни истражувачки и развојни проекти.
Во соработка со ГТЗ – Проект за трансфер на технологија и мали и средни претпријатија од Македонија во периодот од 2003 до 2005 година реализирани се следниве проекти:
-
Технолошко решение за подобрување на процесот за производство на лесна картонска амбалажа
-
Систем за мониторинг и управување со технолошки процеси во прехранбена и цементна индустрија
-
Развој на сосема нова еко-технологија за производство на филтри за гориво, воздух и масло за камиони и тешки возила
-
Вовед во техниките за компјутерско дизајнирање на челични конструкции за инженерите во малите и средни претпријатија
-
Дијагностички мониторинг систем за ротациони постројки
-
Подобрување на технологија и вовед на мерки за процена на квалитетот во процесот на пресување и термичка обработка на фрикциони облошки
-
Развој на технологија за производство на полиетиленски цевки со примеси на рециклиран материјал
Во соработка со мисијата УСАИД во Македонија и проектот е-БИЗ, ЦИРКО го креираше Центарот за машински инженерски системи. Во периодот од 2007 година до денес, преку разни проекти и програми за финансирање беше набавена напредна инженерска опрема за компјутерско моделирање и симулации, 3Д скенирање, изработка на брзи прототипови, дизајн и развој на снабдувачки синџири итн.
Референци:
-
Арчелормитал АД Скопје
-
АД ЕЛЕМ Македонија
-
АД МЕПСО Македонија
-
Џонсон Контролс Скопје
-
Џонсон Мети Каталистс Скопје
-
Ван Хоол Скопје
-
DMM Dräxlmaier Manufacturing Macedonia dooel Kavadarci
-
Ariljemetal doo Skopje
-
Wurth Macedonia dooel
-
Microsam Prilep AD
-
ЕВН Македонија
-
Triglav Osiguruvanje АД Скопје
-
Македонски телеком АД Скопје
-
Образовен центар АЛГОРИТАМ дооел Скопје
-
PIVARA AD Skopje
-
School for Technologies and Systems, Novo Mesto, Slovenia
-
Министерство за образование на Република Македонија
-
Министерство за наука и технологија на Словенија
-
Министерство за наука, образование и спорт на Хрватска
-
Министерство за образование и истражување на Германија
-
Влада на Кралството Норвешка
-
Европска комисија, програма ТЕМПУС
-
Европска комисија, програма ФП7
-
GIZ – Германска техничка соработка
-
CEEPUS програма

























КОНТАКТ


Машински факултет - Скопје
Карпош II бб
1000 Скопје, Р.Македонија

ИТ – 021: +389 2 3099 298
ИТ – 027: +389 2 3099 298
Тел. и факс: +389 2 3099 285 Управител: +389 2 3099 212